Skip to main content
Свет

Маѓар побара оставка од претседателот на Унгарија

15/04/2026  12:37

Победникот на парламентарните избори и иден премиер на Унгарија, Петер Маѓар, денес објави дека се сретнал со претседателот на таа земја, Тамаш Суљок, и оценил дека тој не е достоен да го претставува единството на унгарскиот народ.

„Тој (Сулјок) не е погоден да служи како чувар на законитоста. Тој не е погоден да служи како пример за углед и морален авторитет“, напиша Маѓар на X.

Новоизбраниот премиер додаде дека „со формирањето на новата влада, Тамаш Сулјок мора веднаш да ја напушти функцијата претседател на државата“.