Search

Mаргот Роби ќе глуми во женска верзија на „Пиратите од Карибите“

Пиратите од Карибите се подготвуваат да запловеат во една сосема нова насока, а австралиската актерка Маргот Роби ќе глуми во нова верзија на една од најголемите филмски франшизи на Дизни.

Роби, sвездата на „Одред самоубијци“ ќе биде главната протагонистка на „Пирати“ кој е во рана фаза на развој, извор близок до проектот изјави во петокот.

Ова го означува најновиот обид на Холивуд повторно да ги креира класиците со жени во главните улоги, вклучувајќи го и рестартирањето во 2016 година на Ghostbusters („Истерувачи на духови“) со Мелиса Мекарти и комедијата Ocean’s 8 („Осумте на Оушн“) од 2018 година со Сандра Булок и Кејт Бланшет.

Не беа достапни детали за заплетот во филмот. Познато е дека приказната ја напиша сценаристката на Birds of Prey („Птици грабливци“) Кристина Ходсон, а е во продукција на долгогодишниот режисер на Пиратите, Џери Брукхајмер, рече изворот.

„Холивуд репортер“објави дека филмот е посебен проект од новиот филм „Пиратите од Карибите“ кој сè уште се снима.Инспирирани од тематските паркови на Дизни, петте филмови „Пиратите од Карибите“, во кои глуми Џони Деп како Џек Спероу заработија околу 4.5 милијарди американски долари во глобални рамки.

Треба да знаете
Последни објави