Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска сподели фотографија со неговата сопруга и упати честитка по повод големиот христијански празник – Божик.
„Честито нека е Рождество Христово – големиот наш христијански празник. На овој ден посакуваме желби за здравје, љубов, добрина, почит, благосостојба и благодет кај сите. Нека светлината и мирот на овој свет празник ви донесат радост во срцата и бидат инспирација за заедништво и напредок. Христос се роди!“ – напиша Николовски.
Објавата предизвика позитивни реакции и бројни коментари од граѓаните.
Празничната атмосфера и честитките од јавните личности ја одбележуваат радоста на Божик меѓу граѓаните низ целата земја.