Skip to main content
Економија, Македонија

Лазовски за „Алта банка“: Македонскиот суд наскоро би можел да отвори стечајна постапка

12/11/2026  21:01

Економскиот аналитичар Славко Лазовски предупреди дека по случувањата со банката во Србија, можно е да се отвори стечајна постапка и за „Алта банка“ во Битола. Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој оцени дека таквото сценарио би имало најголеми финансиски последици за правните лица што имаат средства во банката.

„За граѓаните мислам дека нема да има толку големи последици, но за правните лица секако. Мислам дека наскоро македонскиот суд ќе треба да отвори стечајна постапка“, изјави Лазовски.

Според него, домашните институции имале можност порано да преземат чекори за поголема заштита на депонентите. Лазовски оцени дека со навремено започнување соодветна постапка во Македонија можело да се намалат потенцијалните финансиски последици.

Натамошниот развој, според Лазовски, ќе зависи од текот на правните постапки и од одлуките на надлежните институции. Тој нагласи дека брзината со која ќе се преземат мерките може да биде пресудна за заштитата на средствата на депонентите.