Skip to main content
Свет

Лавров: Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи

26/02/2025  13:33

Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во земјите во регионот наместо да се имплементира решение за две држави, само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Прашањето за создавање палестинска држава е клучно и ако има обид да се поткопаат овие одлуки на Советот за безбедност и да се замени создавањето на палестинска држава со преселување на Палестинците низ целиот регион, тоа само ќе постави темпирана бомба, како што се случуваше повеќе пати во текот на долгите децении игнорирање на барањата за решение за две држави“, рече Лавров на прес-конференцијата за време на посетата на Катар.

Тој изјави дека разговарал со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани за руско-катарски состаноци на различни нивоа, вклучувајќи го и планираниот состанок на меѓувладината комисија во Москва во март.

„Покрај тоа, претстојат контакти меѓу одделите за надворешна политика и постои интерес од двете страни за средби на високо ниво“, додаде Лавров