Во рамките на традиционалните крводарителски акции на ЦК на град Скопје е и акцијата која се организира во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме. Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост.
Aкција ќе се одржи денеска во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.
До сега, на овие акции собрани се преку 5 500 единици крв, што зборува за позитивниот пример на Тоше, запаметен како голем хуманист и крводарител.