Search

Крвнички претепан Бранко Синадиновски

Крвнички претепан Бранко Синадиновски

Денес околу 14:30 часот, во полициската станица во населбата” Аеродром ” е пријавено дека физички е нападнат контроверзниот Бранко Синадиновски, основачот на самопрогласена Верската заедница на православните Албанци во Македонија. Според првичните информации тој е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Причините и напаѓачите се сеуште непознати.
МВР соопштија дека го истажуват настанот и мотивите за истиот.

Бранко Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија. Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави