Skip to main content
Хроника

Крвава расправија: Избоден маж од струмичко

19/02/2025  21:55

Вчеравечер се случил тежок инцидент со насилство во центарот на Струмица, кога 62-годишен жител на градот со нож избол 40-годишен човек од селото Василево, соопшти МВР.

„На 18.02.2025 во 19:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Г.(62) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 17:20 часот на бул.„Ленинова“ во Струмица, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодна рана на М.М.(40) од с.Василево, струмичко. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.