Search

Крвав школски ден во Лос Анџелес – во вооружен напад ранети неколку лица, ученичка уапсена

Крвав школски ден во Лос Анџелес – во вооружен напад ранети неколку лица, ученичка уапсена

Во вооружен напад кој се случил денеска во средното училиште во Лос Анџелес ранети се двајца ученици, а една ученичка е уапсена.

Како што пренесуваат од АП, властите соопштиле дека закана повеќе не постои, а портпаролот на пожарникарската служба Ерик Скот изјавил дека на 15-годишен ученик му било пукано во главата и дека во моментов се наоѓа во болница, во критична состојба.

Уште три лица на возраст од 10 до 30 години се здобиле со полесни повреди. Како што пишуваат американските медиуми,полицијата ја уапсила осомничената ученичка во која по пукањето пронашла пиштол.

Пукањето во средното училиште „Сал Кастро“ кое се наоѓа во непосредна близина во центарот на Лос Анџелес е пријавено утринава околу 9 часот по локално време.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави