Skip to main content
Македонија

Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик за Левица повторно да остане без медиумски простор

29/04/2026  14:18

По денешниот состанок на работната група за Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на #Левица, Борислав Крмов, посочи дека однесувањето на СДСМ отвора сериозни сомнежи за нивните вистински намери во процесот:

„Ние уште од почетокот на процесот за измена или нов Изборен законик, изразивме сомнеж за искреноста на политичките актери – дали навистина се прави Изборен законик или само се води процес што нема да заврши со резултат.”

Тоа што СДСМ не дојдоа денес е тенденциозно.

Нашите сомнежи се дека ова е обид повторно да се цензурира Левица за наредните избори, затоа што од СДСМ очигледно се чувствуваат загрозени.”

Крмов оцени дека во состојба на внатрешен хаос и неспособност во СДСМ, единствениот преостанат адут им е да ги задржат нефер условите на теренот.