
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.М.(35) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.
На 14.04.2026 на нејзин профил на социјална мрежа, пријавената објавила фотографии и текст со навредлива содржина за угледот и честа на сопругата на нејзиниот поранешен партнер и нејзиното семејство.


