Search

Кривична за поранешниот градоначалник на Чешиново-Облешево

МВР тврди дека тој испратил факутра на правното лице, со што го оштетил буџетот на општината за износ од 87.084 денари.

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Чешиново-Облешево за злоупотреба на службена положба и овластување.

Костадин Личков во 2014 година во својство на градоначалник ја искористил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања, на тој начин што без да спроведе јавна набавка избрал правен субјект од Скопје да изврши воздушно снимање со дрон за време на тридневните активности за одбележување на празникот на општината Мала Богородица.

Тој испратил факутра на правното лице, со што го оштетил буџетот на општината за износ од 87.084 денари. 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави