
СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица, 34-годишниот К.И и 38-годишниот А.А и двајцата од Тетово поради сомение за кривично дело „загрозување на сигурноста“
Од МВР информираат дека на 05.11.2024, пријавените се обиделе со употреба на сила да влезат во канцеларијата на градоначалникот на Тетово и упатувале закани кон двајца вработени.