Skip to main content
Хроника

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра

19/06/2026  18:38

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како в.д. директор на Општинска јавна установа – детска градинка во Штип, во периодот од 12.09.2023 до 11.05.2026 без спроведување на постапка за јавни набавки во повеќе наврати од 47 посебни правни лица добавувачи извршил набавки со фиктивни фактури без испратница и приемница за установата во вкупен износ од 7.747.515 денари.