
Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
„Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето.Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“ пишува тој во објавата.