
Предмалку прес конференцика одржа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој истакна дека до сега се издадени 59 наредби за обдукција, како и за одземање документи од правното лице каде се случи пожарот, се разгледуваат снимки, се врши вештачење на мобилни телефони, а со наредби извршени се и претреси во министерството за економија, се пребаруваат компјутери и сервери во министерството како и потписи на документацијата која ја имаат обезбедено.
Како што истакна тој, моментално полицијата има дозвола да уапси било кој без разлика на функцијата.
Ангажирана е градежната инспекција и трудовата инспекцика како и вештаци од висока установа кои стручно треба да се изнесат за се она што довело до оваа трагедика. Така ќе се детерминира како понатаму ќе се води случајот.
Тој истакна и дека проблеми имало уште од пуштањето на оваа таканаречена дисклтека и така работела со години.
Во делот на инспекциските служби има едно заедничко тело кое треба да утврди како низ годините се воделе рабите, како се работело и што довело до ова.
Тој истакна дека има прогледување низ прсти, па затоа мора да има промена и одговорност.
За овој случај ќе се постапува по законот за тешки дела против општата безбедност и казната може да оди до 20 години, како и за давање и примање поткуп и користење на пиротехнички средства.
Околу притворот тој истакна дека шпекулации се дека тој ќе биде само од 48 часа а не подолго. Објасни дека мерката краткотраен притвор е за обезбедување на лицата кога е потребно да се соберат докази за потоа формално да се започне постапката, односно тој потоа да се замени со траен притвое доколку е потребно. За оние кои се повредени постапката ќе почне по подобрување на здравствената состојба.
14 лица се обезбедени од почеток на истрагата и постапката е во тек при што истата се процесира. Сите докази од местото се обезбедени и се разгледуваат, а истрагата продолжува. Меѓу тие лица е и поранешниот министер Крешник Бектеши, односно опфатени се сите што постапиле или не постапиле во случајот.
Обвинителот очекува и вели можно е во текот на оваа недела да се поведе и истражна постапка.
Градоначалникот на Кочанк е во обвинителство но тој не можеше да каже дали е осомничен или не. Ветува дека истрагата ќе биде брза и ефикасна и ќе има одговорност.