Search

Ќе има реконструкција на Владата, ќе се зголеми парламентарното мнозинство

Ќе има реконструкција на Владата, ќе се зголеми парламентарното мнозинство

Почнуваат разговори за зголемување на парламентарното мнозинство што пратично ќе доведе и до реконструкција на Владата. Кој ќе си оди, а кој ќе остане на Илинденска број 2? Премиерот се уште не открива имиња иако пролетното проветрување го најави пред еден месец. Заев сега вели дека вратата на Владата е отворена за сите, освен за ВМРО-ДПМНЕ.

Зголемувањето на парламентарното мнозинство, според Заев, ќе значи стабилна Влада која ќе може без проблеми да носи закони во корист на граѓаните. Но кои се партиите во Собранието кои може да влезат во игра. Освен петте пратеници што произлегоа од БЕСА, по еден пратеник кои делуваат во опозицискиот блок имаат и ГРОМ, Демократската партија на Србите со Иван Стоиљковиќ, Бошњаците со Рамчиловиќ, Турците со Хасани. Алијансата на Албаниците исто така повторно може да влезе во игра со двајцата пратеници. Со тројца пратеници е и Социјалистичката партија. Оттаму за 24 инфо рекоа дека не веруваат дека ќе добијат покана за преговори.

„Лично сум изненаден и не верувам дека ќе добиеме покана, но тоа е мое мислење. Како партија не сме донеле никаков став за тоа. Ако добиеме покана за преговори, тогаш и ќе се изјасниме како партија“, вели Малиша Станковиќ – Социјалистичка партија

Амди Бајрам како пратеник од Сојузот на ромите, веќе излезе од коалицијата со ВМРО-ДМНЕ и го дава гласот за позицијата во Собранието. Засега на овој начин настапува и екс пратеникот на ГРОМ Чедомир Саздовски.

Реконструкцијата на Владата, пак ќе зависи најмногу од тоа кои политички партии од опозицискиот албански блок ќе влезат во Владата. Најверојатно СДСМ ќе мора да се откаже од едно од своите министерства. Не исклучено да има рокади, но и целосно да бидат тргнати некои министри и на нивни места да бидат назначени кадри од истите партии, откако во јавноста се појавија низа критики за работењето во одредени сектори.

Треба да знаете
Последни објави