Search

Кевин Спејси може да биде обвинет во Лос Анџелес

Обвинителството во Лос Анџелес разгледува опција за покренување обвинение против холивудскиот актер Кевин Спејси врз основа на тврдење за сексуален напад.

 

Полицијата поднесе докази во прилог на тврдењето за инцидент во кој Спејси наводно сексуално вознемирувал маж во Западен Холивуд во 1992 година.

Најмалку 30 мажи досега излегоа со тврдења за сексуално вознемирување и напад против оскаровецот Спејси.

Портпаролот на Спејси (58) одби да го коментира развојот на настаните.

Полицијата во Лос Анџелес рече дека почнала да го истражува случајот во декември, а во почетокот на месецов ги приложила новите докази до Обвинителството.

Не беа соопштени детали околу новите докази.

Не е познато дали во случајов ќе биде применет статутот за застарување на делото во случај на сексуално вознемирување и напад што важи во државата Калифорнија и што предвидува дека делото е застарено 10 години.

Сагата на Спејси со контроверзните обвинувања почна во ноември, 2017 година кога актерот Ентони Реп го обвини дека секуално го вонемирувал во 1986 година кога имал 14 години, а Спејси 26.

Спејси тогаш изјави дека не се сеќава на конкретните настани, но јавно се извини.

Подоцна излезе со „апсолутно негирање“ на сите други обвинувања и тврдења што се појавија.

Полицијата во Лондон има отворено три случаи против него што уште се под истрага.

Скандалот резултираше со отфрлање од филмската заедница – Спејси беше исфрлен од актерската екипа на популарната серија на Netflix „House of Cards“, а филмот „All the Money in the World“ од 2017 година беше повторно снимен без него.

Треба да знаете
Последни објави