Skip to main content
Македонија

Какво време не очекува за Велигден?

15/04/2025  12:05

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Според нив, во деновите од викендот за време на најголемиот христијански празник Велигден времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.