
По тешко боледување денеска на 70-годишна возраст почина директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ.
Тој се бореше со тешка болест помалку од една година. Уверен дека ќе ја победи, се бореше до последен момент. Неговото лекување беше доверено и на лекарите во Париз, каде што редовно одеше на терапија. Последните фотографии кои се појавија во јавноста, откако беа направени од папарацо тим, поттикнаа надежи дека Поповиќ ќе ја добие битката, но неговата здравствена состојба се влоши последните месеци.
Како што веќе беше објавено во медиумите, Саша за тешката болест дознал случајно откако ја скршил ногата.
Бидејќи раната не зараснала по очекуваниот период, лекарите извршиле детален преглед на целото тело на Поповиќ и за жал откриле дека неговото здравје не е добро. Иако третманот започна веднаш, болеста зеде замав. До последен момент неговите колеги се надеваа дека тој ќе се врати во жирито на „Ѕвезда Гранда“ и секојдневно му испраќаа зборови на поддршка.
Саша почина опкружен со семејството, кое му беше најголема поддршка во текот на целиот период.