Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Владата ќе испрати 60.000 литри вода за пиење во Гостивар, од градоначалникот па надолу сите треба да понесат морална одговорност

20/07/2026  12:41

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, изјави:

„Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа кое што е нивна ингеренција е завршено и предадено до Обвинителството. Сега на потег е обвинителството односно обвинителот кој што треба да излезе со квалификација. Истовремено како Влада во текот на вчерашниот ден преземавме чекор да обезбедиме 50.000 литри флаширана вода за пиење за гостиварчани. И тоа така ќе биде секој ден. Вчерашните количини утрово се поделени, а денеска очекуваме нови три шлепери кои ќе бидат повеќе од 20.000 литри по шлепер, некаде околу 60.000 литри, кои што очекуваме во текот да денот исто така да бидат дистрибуирани.

Но, она кое што е многу важно е тоа да водата се користи во Гостивар за технички потреби, бидејќи таа сега согласно препораките од АХВ и Институтот за јавно здравје не се користи ниту за технички потреби. Во суштина се ова што го правиме е дел од локалната самоуправа, но кога имате таму летаргија, тогаш морате како Влада да реагирате и да ги преземате вие тие потези во овие два дена што ги преземавме. Значи сега треба Водовод во Гостивар да пристапи кон прочистување на системот за да можат граѓаните да ја користат водата за технички потреби и за хигиена, бидејќи сега во моментот вака како што е не треба ниту за хигиена да ја користат.

Но, тоа зборувам. Сега треба од денеска па натаму локалното „ЈП Водовод” да започне со чистење на системот, хлорирање и да речеме во рок од ден, два или три да можат граѓаните да ја користат за техничка потреба. Тоа е веќе во ингеренциите на локалната самоуправа. Инаку за морална одговорност, апсолутно таму од прв до последен треба да понесат одговорност, покрај тоа што претпоставува Обвинителството ќе се занима со друга одговорност. Очекувам дека од градоначалникот па надоле сите треба да понесат одредена морална одговорност. А ние како владини институции ќе продолжиме и понатаму да колку е возможно со иницијативи од типот на онаа вчерашната да го олесниме животот на гостиварчани во делот на снабдување со вода за пиење и колку толку од таа вода да се користат за реализирање на техничките потреби и хигиена.”