Skip to main content
Хроника

Трагедија кај границата со Косово: Пронајдени мртви тројцата исчезнати патници од Скопје

20/07/2026  00:52

Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои од саботата вечер се водеа како исчезнати. Нивното возило е пронајдено превртено во близина на границата со Косово, а во него биле пронајдени телата на сите тројца патници.

Според информациите на Алсат, станува збор за автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички, кој излетал од патот под засега неразјаснети околности.

Животот го загубиле Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани. Тие последен пат биле видени во саботата околу 22 часот во Скопје, откако од аеродромот се упатиле кон Косово.

По нивното исчезнување била започната потрага, која за жал заврши со трагичен епилог.

Надлежните служби се на местото на несреќата и вршат увид, додека истрагата треба да ги утврди точните причини и околности под кои возилото излетало од патот и се превртело.

И МВР со соопштение се изјасни доцна вечерва кое во целост го пренесуваме

Пронајдено превртено возило “мерцедес” на патот ГП Блаце-Скопје, три лица починати

На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје.