Search

#KADEEPINO: Мајката на Пинета со протест ќе бара одговори каде е нејзиниот син

Маја Трпковска, мајката на 26-годишниот Пинета Секондо, кој исчезна на 10 декември во Скопје најави дека ќе поднесе барање за дозвола да организира мирен протест пред Собранието на РМ за поддршка во потрагата на синот и протест против полицијата која до сега не превзела ништо во потрагата на нејзиното дете. Таа ги повикува сите кои имаат некој близок кој исчезнал без трага и глас и сите граѓани кои живеат во страв за својата безбедност, по сите овие зачестени исчезнувања на луѓе, да излезат на мирниот протест во Скопје.

„Ако ми дадат дозвола за мирен протест, протестот со име #KADEEPINO ќе го направиме на 25 февруари, понеделник, со почеток во 16.30 часот, на улицата 11 Октомври, пред Собранието на РМ. Ве молам дојдете, дајте ми поддршка, како што го нема Пино така може да снема секој од нас!“, вели Маја.

Tаа открива дека е разочарана од потрагата по нејзиниот син, која до сега не дала никакви резултати. Се потресува секојдневно од вестите за некој ичезнат или пронајден мртов.

-Вчера и ѕвонев на инспекторката Наташа од одделот за исчезнати лица во МВР но, инспекторката ме блокирала на мобилниот телефон. И се јавив од домашниот телефон и тогаш се јави, но кога ми го слушна гласот, ја затвори линијата. Зошто? Затоа што барам одговор за моето дете или затоа што бега и нема никаков одговор? Му звонам и на инспекторот Слободан, но и тој одбива да ми се јави. Се прашувам како може да се толку непрофесионални, пред се и нечовечни. Само сакам да знам што направиле до сега во потрагата, дали има некаква трага, а, можеби, пак, имам некаков доказ па сакам да ги известам. Но нив тоа не ги интересира. Па ја сум мајка која деноноќно си го бара детето. Не може полицијата да е толку неспособна. Дали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знае како и колку работат инспекторите? Дали полицијата треба да се грижи само за политиката, а не и за обичните граѓани, за едно исчезнато дете? Сите докази што ги имам во врска со изчезнувањето на моето дете јас ги доставив во полицијата, тие ништо ниту превзеле ниту пронашле, вели Трпковска за 24 Инфо.

Трпковска се сомнева дека во исчезнувањето се вмешани две момчиња од Скопје.

-Се сомневам дека во исчезнувањето на мојот син се вмешани две момчиња од Скопје. Едниот е син на сопственик на познат ресторан во скопската населба Аеродром. Според неа, во прашање е понуда од 200.000 евра за тендер, најдена во компјутерот на нејзиниот син. Пино е вработен во италијанска фирма која учествува во изградбата на автопатот за Бугарија, изјави Трпковска пред неколку дена за 24Инфо.

 

Треба да знаете
Последни објави