Skip to main content
Македонија

Јавноста ја коментира навредата која Кочовска и ја упати на Петровска: Ова е навреда не само за Славјанка туку и за сите жени

27/02/2025  19:56

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена, има семејство, има два сина.

Ваквата навреда пламна во јавноста, па ги поттикна и Ина Многуфина и Божидар Божиновски да дадат свој коментар. Познатата инфлуенсерка напиша дека е крајно примитивно да се дискутира за тоа кој има деца, а кој нема бидејќи причините може да се многу повеќе од тие што ги знаат претставниците од катедрата за малограѓански комуникации.

– “Иако е крајно примитивно да се дискутира за тоа кој има деца и кој нема, бидејќи причините може да се многу повеќе од тие што ги знаат претставниците од катедрата за малограѓански комуникации, сепак, на тема за финансии да имаш потреба да нагласиш дека ти имаш деца, како да ти кажам госпожо. Ако тие шо немаат деца не смеат да зборат за деца, тогаш и тие што не се жртви на насилство не треба да зборат за насилство, тие што немаат ретки болести не треба да се борат со ретките болести и така натака глупости по таа логика.

Но, за волја на вистината, госпоѓата мајка на две деца која е министер на сите нас, е мојот омилен лик за давање изјави. И ги следам изјавите со месеци и секојпат се шокирам колку она нема појма што треба, а што не треба да кажува пред медиуми. Прво и основно кога се збори за цени во супермаркети ко у око да и брцка некој. Оди до таму да изнесува свое мислење за истрага што ја води друга институција, конкретно за картелските здружувања ама она ги вика картал. Јавно издвојува супермаркет каде пазари и тврди дека таму не биле мрднати цените небаре она попис им праеше. Да ја гледате како се бори за супермаркетите ќе помислите дека е нивна сметководителка, а не наша министерка. Денешното обраќање само ми потврди дека треба посебен ПР тим да работи за да може да ги гаси штетите што женава може да ги направи со изјавите. Ко да некој со сила ја тера да министерува, но сепак, да не се заборави нејзината легендарна, а моја омилена изјава и тука имам завршено јас со очекувањата од оваа жена запирка мајка запирка министерка”, напиша Ина на социјалните мрежи.

Со свој коментар се осврна и Божидар Божиновски кој нападот го опиша како низок и подол.

– “Нападот врз Славјанка од страна на некоја министерка, дека немала деца, е благо кажано низок и подол. И општо тие дискусии кои се водат за жени, за парови, политички или познати лица за деца се надвор од умот незнаејќи дали е избор, дали е некоја неможност, а и на крајот и не е ничија работа. Што правиме со семејства со три члена? Со еднородитекски семејства? Дали тие смеат да коментираат?

Ова е навреда не само за Славјанка туку и за сите жени кои според тој светоглед се вреднуваат според бројот на деца. Има прерасни жени кои не се мајки, има мајки кои не се достојни за своите деца”.

Петровска не се впушти во контра-напад и не одговори на личните навреди, туку објасни зошто не реагира:

„Мислев, министерке, дека извлековте поуки од вашите претходни испади на Комисијата за финансирање и буџет, кога ве повлекоа од партијата со наредба да не доаѓате во Собрание. Нема да одговарам на вашите неумесни коментари. Ако имаше дно, вие го пробивте“, заклучи Петровска.