
Дали вие знаете дека минатата година за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие, Градот Скопје одвои 685 милиони денари, 11 милиони евра и со цел памет директорот на ЈСП и вие коишто го браните со тоа дека не бил почитуван возниот ред, 11 милиони евра и возниот ред не е почитуван, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ Филип Јаневски, на денешната Седница на Град Скопје говорејќи за предлог-одлуката за именување на линискиот превоз на патници во градот.
Тој појаснува дека оваа година во овој буџет на ЈСП му е доделена можност за 800 милиони денари или 13 милиони евра што претставува рекордна сума. Притоа истакнува дека и покрај овие енормни суми ЈСП е доведено до дереџе да не може да се испочитува ниту возниот ред.
„Да сме набавеле нови автобуси, па вие овие што ги имате не можете резервни делови да набавите. Тие нови автобуси кој ќе ги сервисира, кој ќе плаќа за резервни делови? Овие што ги имате вие не можете да ги сервисирате, за овие нема шофери, ама нови автобуси да сме набавиле. Се истуривме пари давајќи во тоа претпријатие за да дојдеме до дереџе овде денес да ми велите вие дека ние ги лажеме граѓаните“, концизен е Јаневски.
Јаневски исто така посочи дека со приватните превозници на секои шест месеци се јавуваа проблеми, со вработените исто така, а паралелно секои два месеци беше и блокирана сметката на ЈСП, што поради долговите кон приватните превозници, што поради добавувачите на нафта.
„И вие мене ми велите да го смениме возниот ред, да не сме ги лажеле граѓаните, а до го смениме на пример директорот или градоначалникот тоа не ви текнува како решение можно. Затоа што може градоначалничката не ја бидува. Тука нас ни глумите дека се грижите за граѓаните дека немале автобус, можеби и се грижите да не грешам, па дајте да видиме зошто се потрошени 24 милиони евра во последните две години само за субвенции“, прецизен е Јаневски.