
Стевчо Јакимовски кој на втори јули требаше да се пријави во затворот Скопје побара одложување на издржувањето на затворската казна, поради здравствени причини.
Од Кривичниот суд денеска информираа дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја бара медицинската документација на Јакимовски, за да може да пресече.
-Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања се уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука, велат од Судот.
Неодамна од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.
Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната.


