Skip to main content
Свет

Израелски министер предложи целосна окупација на Газа

20/04/2025  17:35

Министерот за финансии на Израел, ултрадесничарот Безалел Смотрич, денеска побара целосна окупација на Појасот Газа и, „ако се покаже неопходно“ – воена администрација.

Смотрич, од ултрадесничарската партија Религиозен ционизам, истакна дека со тоа ја поддржал пораката на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека војната не смее да заврши без целосен пораз на Хамас и отстранување на таа палестинска исламистичка организација од Газа.

– Ова е начин да се обезбеди нашата сигурност и брзо да се вратат заложниците, напиша тој на X.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел „нема друг избор освен да продолжи да се бори во Газа“, додавајќи дека војната нема да заврши додека Хамас не биде уништен, заложниците не бидат ослободени и територијата не е закана за Израел