Skip to main content
Хроника

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

14/03/2025  14:04

Територијалната противпожарна единица од Делчево интервенира на пожар кој околу 12 часот избувна на помошен објект на улица „Индустриска“. На лице место се шестмина пожарникари со две возила кои го гаснат горниот дел од објектот каде се наоѓаат поголем дел суви греди. Во пожарот нема повредени лица.

Во близина на помошниот објект се наоѓаат објекти на неколку фирми и приватни живеалишта, но отстранета е опасноста од проширување на огнот на соседните објекти.

Очевидец кој работи во една од блиските конфекции вели дека помошниот објект бил зафатен од огнот кој бил запален на опожарената блиска нива.

Надлежните апелираат да не се оставаат непотребно возила на улицата со цел акцијата за гаснење да тече непречено.