Skip to main content
Македонија

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

18/04/2025  21:54

Пред неколку дена, во вторникот навечер, околу 22:38 часот, е искршена безбедносната камера на фризерница лоцирана десетина метри од зградата каде што живееше Вања Ѓорѓиовска. Случајот го пријавила сопственичката на фризерницата, која следниот ден забележала дека уредот е оштетен, пренесува Либертас.

Камерата е онаа истата од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски ги пронашле снимени цитроенот со кој била грабната Вања и кангуто со кое управувал обвинетиот Палчо.

Од снимките на камерата која е искршена се гледаат непознати лица кои кршат а времето е овој вторник во 22 часот и 38 минути.

Првообвинет за убиствата е Љупчо Палевски – Палчо, кој ги негира обвинувањата и тврди дека се работи за политички прогон. Обвинети се и тројца поранешни членови на неговата партија, кои тврдат дека Палевски лично ги извршил убиствата и наредил телата да се закопаат во однапред ископани дупки кај село Бразда. Истрагата продолжува.

Видеото погледнете го на Либертас со клик ТУКА.