
Диме Стојамиров, момче на 22-годишна возраст од Тремник, Неготино, е исчезнат од вчера, од околу 14 часот. Како што раскажува неговиот чичко Симе, Диме излегол од семејниот дом и се упатил во непознат правец, а семејството уште вчера го пријавило неговото исчезнување.
– Диме е лице со попреченост, но никогаш не се случило да го нема толку време и да ја помине дури и ноќта надвор од домот. Вчера околу 14 часот излегол, а ние веднаш штом забележавме дека го нема, пријавивме на телефонскиот број за итни случаи 112.
Синоќа дојдоа стручни тимови да го бараат, се вклучи дрон во потрагата, но за жал момчето не се најде.
Наши познаници ни кажаа дека вчера околу 15 или 16 часот го забележале како се движи кон Дисан, по стариот пат. Не знаеле дека го бараме, инаку ќе го запреле и ќе ни јавеле. Затоа апелираме до јавноста, доколку некој го забележи, да го задржи и веднаш да се јави во полиција или кај мене на 075 570 354, вели чичкото за Фокус.
Додава дека во минатото се случило Диме да излезе сам на неколку часа, но секогаш се враќал дома. Појаснува дека доколку некој го види и го повика, тој нема да реагира и да одговори, па затоа моли ако евентуално некој го сретне момчето, да го задржи додека да дојде семејството или полицијата.
– Диме е облечен во сива блуза, темно плави тренерки и обуен е во влечки. Тој е лице кое се движи полека, затоа и не веруваме дека е заминат многу далеку, но презагрижени сме што се уште не можеме да го најдеме.
Целиот текст прочитајте го на Фокус со клик ТУКА.