Skip to main content
Хроника

Инцидент во Шутка: Маж ги тепал сопругата и детето, ја кршел и покуќнината

29/04/2025  13:46

Во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека на 27.04.2025 околу 10 часот во домот на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот вонбрачен партнер О.О.(38) од Скопје, физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син, а исто така оштетил и дел од покуќнината.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, известија од полицијата.