Search

Хуманитарна забава за помош на Христина Митревска од Ѓорче Петров

Хуманитарна забава за помош на Христина Митревска од Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски синоќа во Домот на културата присуствуваше на хуманитарната првоаприлска забава за помош на Христина Митревска од ООУ “Ѓорче Петров”, која боледува од редок и тежок облик на заболување.

Забавата беше во организација на Црвениот крст, заедно со ООУ “Мирче Ацев” од Ѓорче Петров, поддржани од општината. За превозот и престојот во САД, каде Христина е поканета на бесплатна експериментална дијагностика со цел конечна дијагноза на нејзината состојба, потребни се 500.000 денари.

Општината и помогна на Христина со парична помош. Успешна акција за собирање парични средства спроведоа и училиштата и градинките од Ѓорче Петров, но на семејството се уште му се потребни донации за Христина да замине во САД.

Телефоните за донација се 143-502 за корисниците на ВИП и ОНЕ и 143-112 за корисниците на Т-Мобиле.

Трансакциската сметка за донации е 200003281030036 на Стопанска Банка, АД Скопје.

29919908_10214749570029377_1493353960_n.jpg

Треба да знаете
Последни објави