Skip to main content
Македонија

Христоски: Од унгарскиот кредит малите општини нема да добијат ништо

11/02/2025  09:46

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Зборуваме за кредит, кој сите даночни обврзници на оваа земја го плаќаат, а не грант. Треба да знаеме каде се трошат парите и дали државата ќе има инпут, локален развој, регионален развој и дали бенефит ќе имаат сите граѓани од тоа што се гради, истакна Христоски.

Христоски додаде дека мора да постои некаков вид на контролен механизам, координација, дали проектите се издржливи и одржливи.

Имам сознанија дека некои проекти по општините се застарени, некои не се одржливи, зборуваме за изградба Дом на култура во некои рурални места, а да сигнете до домот газите во кал до колена, рече Христоски, додавајќи дека со средствата за општините не е запазен рамномерниот регионален развој. Ќе се сведе големите општини да добијат се, а малите општини да не добијат ништо. Скопје дополнително ќе се централизира. Тоа е огромен проблем, наместо да се прави рамномерен регионален развој, се врши централизација, рече Христоски.

Во врска со претстојните локални избори, Христоски нагласи дека граѓаните ценат, кој е работник, кој неработник, кој придонесува за општината, а кој не.

Има разлика од она што го сработивме ние како претставници на СДСМ и од коалицијата и имаме одлични резултати со кои се горедееме, на пример Крушево оваа година и наредната има светско првенство во параглајдерство, а Крушево до 2017 година беше на колена, нагласи градоначалникот на Крушево Томе Христоски, во дебатната емисија „Анализа” на телевизија 24.