Search

Хоспитализирано десетгодишно девојче по пожарот во Пржино

Десетгодишно девојче било хоспитализирано поради вдишување чад во вчерашниот пожар во зграда во Пржино.

Според информациите на МВР, вчера околу 16,50 часот во Скопје на улица Баница настанал пожар во зграда, при што се опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор.

Во пожарот 10-годишно девојче вдишало чад и било однесено во Клиниката за токсикологија.

Треба да знаете
Последни објави