Search

ХОПС: Законот за амнестија остава затвореници зависници без терапија

Законот за амнестија ги остави затворениците корисници на метадонска терапија без неопходното лекување по нивното излегување на слобода.

Невладините организации алармираат дека голем дел од овие лица се пуштени од затвор без документи и здравствено осигурување, поради што не можат да ја земат пропишаната терапија. Покрај кризите постои и опасност да и се вратат на дрогата и повторно да сторат кривично дело.

Овие лица биле на терапија, но по излегувањето надвор купуваат дрога од црниот пазар со што се зголемува ризикот од предозирање.

Од ХОПС велат дека проблемот постои многу оддамна и дека на годишно ниво имало по два-три вакви случаи ако не и повеќе зависно од динамиката на излегување, но со овој закон проблемот излегол на површина.

-Излегуваат без никакви информации, има и такви кои не знаат ни дека постои ХОПС за да ни се обратат… Постои ризик од повторно да се вратат на нелегални дроги, ризикот за предозираност поради не знаење,не сакам да стигматизирам меѓутоа без лични документи како ќе најде работа, а ако нема семејство што ќе го поддржи голема е веројатноста да се впушти во криминал за до го најде она што му е потребно“ вели Хајди Штерјова Симоновиќ од ХОПС.

Според Законот за санкции државата е должна лицето кое отслужило казна да го подготви за излегувањето на слобода. Има затвореници кои излегуваат и без потврда дека примале метадон во затвор.

-На состанок со новиот директор добивме еден вид гаранција дека тој веќе направил список ургентно, за тие што се излезени или ќе излезат. Списокот ќе биде доставен до Министерството за здравство. Минстерот треба да даде дозвола да ги примат на метадонска терапија, додека не им се направат личните документ. Ситуацијата од терен кажува дека овој проблем е се уште не е решен, вели таа.

Дел од изговорите, како што им било кажано, е брзото донесувањето на овој закон, но тоа според ХОПС не е нешто за кое не се знаело. Од оваа невладина организација сметаат дека службите требало да бидат претходно подготвени и да ги проверат документите на оние затвореници кои исполнуваат услови да излезат од затвор, а не да чекаат да стапи на сила ваквиот закон, па отпосле да се справуваат со проблемите.

Од Управата за извршување санкции велат дека направен е список со корисници на метадонска терапија кој ќе биде доставен до Министерство за здравство по што затворениците ќе го продолжат лекувањето. За тие што ќе излегуваат од затвор, пак допрва ќе се прави евиденција.

Со Законот за амнестија, се предвидува ослободување на околу 800 затвореници, додека за 3.000 ќе има намалување на затворските казни до 30 отсто.

 

 

ИЗВОР: www.novatv.mk

 

Треба да знаете
Последни објави