Search

Хаос во Венецуела: Гладните ограбуваат продавници, сопствениците се бранат со мачети

 

Гладните во Венецуела ограбуваат продавници, сопствениците на истите ги затвориле, или почнале да се вооружуваат со пиштоли и мачети, а се стравува дека немирите би можеле да дојдат до Каракас.

Сомневајќи се дека власта може да ги заштити, сопствениците на продавниците во градот Гарсија де Хеви ги “земале работите во свои раце”. 

“Се вооружуваме со палки, ножеви, мачети и огнено оружје за да го одбраниме својот имот”, рекол претседателот на здружението на локални сопственици на продавници, Вилијам Роа.

Роа, сопственик на ресторани и продавница за пијалаци, проценил дека повеќе од две третини од продавниците се затворени во тој град во близина на колумбиската граница.

Поради недостигот на храна и инфлацијата во земја, се случиле серија грабежи од Божиќ, во кои седум лица го загубиле животот.

Немирите започнале најпрво поради недоволна количина на свинско месо за традиционалниот божиќен ручек, иако претседателот Мадуро ветил дека месото ќе биде обезбедно.

Крадците напаѓаат камиони со храна, супермаркети и продавници ширум Венецуела, каде живеат 30 милиони луѓе.

Венецуела, некогаш една од најбогатите земји во Јужна Америка, веќе петта година се наоѓа во рецесија и со најголема стапка на инфлација на светот.

Треба да знаете
Последни објави