Search

ГТЦ треба и мора да остане тоа што е, интервју со директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски

  • 24 ИНФО МК разговараше со директорот на ГТЦ Скопје Ѓоко Трајчевски: ГТЦ треба и мора да
    остане тоа што е, во што е единствен барем на овие наши простори – отворен трговски
    центар со сите предности и недостатоци што тоа ги носи со себе.
     
     
    24ИНФО МК:За овој краток период додека сте директор на ГТЦ,со што се соочувате,како го затекнавте ова
    јавно претпријатие?
     
     
    Повеќето институции во државава се од претходната гарнитура оставени во лоша состојба.
    Исклучок не е ниту Градски трговски центар, кој по моето доаѓање на неговото чело го затекнав
    со комплетно празна каса и во доста лоша техничка состојба. Тоа подразбира дека добар дел
    од системите за ладење и греење беа во неисправна состојба, ескалаторите исто така, кровот
    протекуваше на многу места, тоалетите во катастрофална состојба и слично. Вие добро знаете
    дека ГТЦ како давател на услуги на корисниците на деловни простори е должен истите да ги
    дава во континуитет а тоа пак подразбира горе споменатите системи, меѓудругото да бидат во
    исправна состојба. Се уште работиме на отклонување на сите недостатоци, што бара големи
    средства пред се, но веќе може да се пофалиме дека системите за греење и ладење,
    ескалаторите, лифтовите и сл. се поправени и функционираат беспрекорно. Тие средства, ако
    се работело домаќински во минатото, сега немаше да бидат утрошени на санирање, поправка
    и враќање во живот на елементарните работи, туку ќе се инвестираа во функционално и
    естетско прилагодување на ГТЦ кон новото време и новите потреби на граѓаните. Друг голем
    проблем претставуваше и лошо поставена организационо-кадровска и логистичка структура во
    секторите при управата на ГТЦ…едноставно, претходната управа по се што видов до сега како
    да немала намера на овој сериозен објект во срцето на нашиот град, да му го обезбеди место
    кое му припаѓа а тоа е да биде гордост на секој жител на Скопје и место на кое секогаш со
    радост ќе доаѓаат а токму тоа е нашата сегашна мисија.
     
    24 ИНФО МК: Имате ли сознанија од кои размери бил криминалот во изминативе години, и
    колкава е финансиската загуба на ГТЦ до сега, од лошото менаџирање?
     
    На тоа прашање одговор ќе дадат соодветните институции, впрочем веќе со месеци наназад се
    врши ревизорската инспекција врз работењето на ГТЦ во минатаото, така што јас во овој
    момент не би шпекулирал околу типот и обемот на евентулните криминлни
    дејствија…единствено, како што веќе спомнав во одговорот на првото прашање, можам да
    констатирам она што јас го затекнав а што е видливо за сите и околу што нема дискусија а тоа е
    многу лоша финансиска и техничка состојба во претпријатието, која со вложувањето на големи
    напори и средства, полека но сигурно од ден на ден станува се подобра.
     
    24 ИНФО МК: Со кои активности планирате да го вратите стариот сјај на ГТЦ, имајќи ги во
    предвид новите модерни центри кои се изградија изминативе години?
     
    Јас не би повлекувал конкретна паралела помеѓу ГТЦ и новите шопинг молови кои ги имаме кај
    нас но и пошироко. Имено, Градски трговски центар од секогаш бил а ние планираме тоа и да
    остане, еден и единствен, уникатен или што на англиски би се рекло, ,,one of a king”. Постоеше
    идејата тој да се затвори…некои и денес ја застапуваат, но по многу разговори со архитекти,

  • нашите сограѓани, луѓе од различни профили а пред се земајќи ја предвид и техничката
    изводливост на такво нешто, ГТЦ треба и мора да остане тоа што е, во што е единствен барем
    на овие наши простори – отворен трговски центар со сите предности и недостатоци што тоа ги
    носи со себе. Лично сметам дека предностите се далеку побројни а ние имаме визија како во
    иднина да ги потенцираме. Една од идеите, која се наоѓа во почетна фаза е и изградба на
    зелена градина на кровот на ГТЦ со сите пратечки содржини како што се кафетерии и сл.
    Имаме намера да внесеме и некои содржини за спортски активности, па во таа насока во
    моментов се спроведува реновирање и ревитализација на Кугланата Мусандра, но нема да се
    застане само на тоа…ќе има и други спортски содржини. Планираме изградба на модерна
    конференцијска сала која ќе им биде на располагање на сите правни и физички лица за
    организирање разни обуки, семинари и работилници, игротеки во кои децата би биле под
    постојан надзор на квалификувани лица додека нивните родители се во шопинг и сл. Во
    моментот се врши комплетно реновирање на двата јавни тоалета во сутеренскиот дел кои
    наместо досегашниот срам, во иднина ќе претставуваат гордост на ГТЦ. Се врши поправка на
    искршените подови, варосување на фасади како и врќањето на оригиналната плава боја на
    столбовите во трговскиот центар кои од непознати причини беа офарбани во непријатна сива,
    како да се работи за фабричка хала а не за шопинг мол во срцето на градот. Од маркетиншкиот
    аспект гледано, ГТЦ за прв пат се здоби со својата ВЕБ страна како и Фејсбук фан страна, преку
    кои постојано комуницираме со граѓаните ,,мерејќи го нивниот пулс“ и прилагодувајѓи се кон
    нивните потреби. Би сакал посебно да ја потенцирам воспоставената добра комуникација и
    директна соработка со стопанствениците и корисниците на деловни простори, која ни помага
    побргу и поефикасно да ги лоцираме и решаваме проблемите кои не оптоваруваат…во таа
    насока, формирана е и вибер група преку која корисниците на деловните простори воочениот
    проблем од хигиенски, безбедносен или технички аспект, веднаш го постираат со слика и збор
    директно до надлежните служби. Јасна е предноста на ваквиот систем, нема губење на време
    во закажување на средба со одговорното лице во овој или оној сектор пријавување на
    проблемот е инстантно како и неговото решавање, во мерка во која тоа го овозможуваат
    техничките околности во дадениот момент. Во моментот, во соработка со Град Скопје и ЈП
    Улици и патишта, се реконструира и автобуската сообраќајница а како што веќе знаете од пред
    некое време, ја активиравме повторно линијата бр 50 на градскиот превоз да проаѓа низ ГТЦ
    со што ќе го заживееме сутеренскиот дел, за што веќе имаме позитивен фидбек од страна на
    дуќанџиите а се бележи и интерес за изнајмување на деловни простори во тој дел од центарот
    кој со години стојеа неиздадени. Со обезбедување пред се на техничките и естетски
    предуслови на кои активно се работи, планираме уз соодветна маркетиншка подршка да
    доведеме во ГТЦ и некои од познатите светски брендови… со еден збор, не очекува многу
    работа но исто така и многу задоволство кога ќе ги постигнеме посакуваните ефекти.
     
    24 ИНФО МК: На кој начин планирате да направите рационализација на трошоците имајќи
    во предвид дека моменталните технички недостатоци и одржување продуцираат високи
    трошоци?
     
    Нашите главни трошоци по основ на одржувањето се трошоците за греење и ладење и за
    електричната енергија. Со оглед дека ГТЦ е поврзан на системот на градските топлани односно
    греењето го обезбедуваат тие, не сме во можност да сториме нешто позначајно во делот на
    трошоците кои се однесуваат на тоа. Но, кога станува збор за електричната енергија, тука се
    обидуваме со воведување на лед расвета и со одредени мерки на рационализација на

  • севкупната потрошувачка, да го намалиме импактот на оваа ставка врз вкупните трошоци, што
    воопшто не е занемарливо така што во блиската иднина, кога ќе се заокружи проектот за
    расвета, може да се очекува и значително намалување на тој вид на трошоци. Сепак ГТЦ е
    голем систем и голем потрошувач така што тие трошоци секако ќе бидат големи и во иднина,
    но наше е да ги рационализираме колку што е можно а на тоа работиме и тоа ќе го сториме.
     
    24 ИНФО МК: Покрај опертативните недостатоци во ГТЦ, недостасуваше и визија за рзвој на
    одржување на брендот создаван со децении наназад, имате ли идеја како ќе ги вратите
    купувачите повторно во ГТЦ?
     
    Мислам дека во еден од претходните одговори во голем дел го елабориравме ова прашање но
    ќе повторам уште еднаш… За жал во моментот трошиме многу пари и енергија на санирање на
    елементаринте функции кои со години беа запоставувани. Веќе сме при самиот крај на тој
    процес и веднаш потоа ќе старуваме со, ајде така да се изразам, следното ниво на
    унапредување кое ќе биде за разлика од претходното повидливо и поконкретно. Целиот пакет
    на предвидените промени во вид на веќе споменатите улагања во различни содржини
    пропратен со соодветна маркетиншка подршка, ќе овозможат доаѓање на нови брендови како
    и естетско разубавување на самиот Градски трговски центар, што мислам ќе биде доволен
    предизвик за секој купувач, во својата листа на незаобиколни локации за шопинг, да го стави и
    ГТЦ.

Треба да знаете
Последни објави