Skip to main content
Хроника

Граната пронајдена во дворот на Педагошкиот факултет во Битола

01/03/2025  19:43

На 28.02.2025 во 11.56 часот, во СВР Битола било пријавено дека во дворот на Педагошкиот факултет на ул.„Генерал Васко Карангелевски” во Битола била пронајдена граната.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола истата е подигната и утврдено е дека се работи за артилериска граната кал.75 мм од Прва светска војна.