Skip to main content
Македонија

Граѓани денеска ќе протестираат против даноците за приходи остварени во странство

28/04/2026  08:46

Денеска (28.04.2026) со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија на ул.„11-ти Октомври“ од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.