Skip to main content
Скопје

Градска болница и повеќе скопски улици утре ќе останат без вода

07/05/2025  18:04

Од скопски Водовод известуваат дека утре (четврток) поради уличен дефект од ф150мм на ул. Филип Втори бб (пред Холидеј Ин), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од градска општа болница Св.Наум Охридски, улиците:Филип Втори (потегот од Собрание до Холидеј Ин), Кеј 13ти Ноември, Мирче Мацан, Мирче Ацев.

Прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување со работните обврски.