Skip to main content
Македонија

Уште четири лица уапсени за предметот со ФФМ

21/06/2026  19:17

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот.

Според краткото соопштение на Обвинителството, двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка.

За едниот осомничен судот определил мерка притвор, додека за вториот се изречени мерки за обезбедување на присуство во текот на постапката.

Од Обвинителството посочуваат дека преостанатите две лица ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во текот на утрешниот ден.