Skip to main content
Скопје

Гори опасен отпад во Шуто Оризари?! (ВИДЕО)

09/07/2025  11:15

Голем пожар утринава има на потегот Шуто Оризари и Визбегово, а од се уште неофицијалните информации до кој дојде 24Инфо се работи за опасен отпад од една од фабриките кои се наоѓаат во овој дел од градот.

Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје гори отпад, но тие не прецизираат за каков вид на отпад се работи.

Командантот на ТППЕ на Град Скопје Звонко Томески во изјава за МИА вели дека на терен се испратени четири возила кои интервенираат заедно со две возила од „Комунална хигиена“.

По барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веќе дејствува авион Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за гаснење на пожарот во реонот на Визбегово.