Skip to main content
Спорт

Ѓоковиќ предлага реформа во тенисот

04/08/2026  18:19

Најдобриот тенисер во историјата, 24-кратниот Грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ, предложи промена во форматот на тениските натпревари.

Предлогот на 39-годишниот Србин ќе значи избегнување маратонски мечеви.

– Треба да го промениме системот за бодување. Сетовите треба да се играат на четири гема наместо на шест и натпреварите да се одржуваат во рок од два часа. Тоа би било најдобро за сите, изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up To Date“.

Сличен систем се користи на „Next Gen ATP Finals“, натпреварување за играчи до 21 година. Таму, сетови се играат на четири гема, правилото за златен поен се користи во случаи на тајбрејкови, а форматот на натпреварот е пократок.