
ВРЕМЕ Е МЛАДИТЕ И НА ТЕРЕН ДА ПОКАЖАТ ДЕКА СВЕТОТ НИМ ИМ ОСТАНУВА!
Од Авалон продукција со задоволство најавувааат дека глобалниот феномен JOKER OUT доаѓа со голем open – air концерт на SKOPJE CALLING 2025, на 29 јуни на Стадион на АРМ!
20 милиони стримови на Spotify, соработка со Elvis Costello, распродаден концерт во легендарната Electric Ballroom во Camden Town – Лондон, распродадени концерти во Aнглија, Полска, Ирска, Норвешка, Шведска, Финска, вирален настап на Евровизија… повеќе од јасно е дека овие регионални, а светски шампиони ја заслужуваат хедлајнерската позиција покрај Massive Attack и Nick Cave на овогодинешното издание на Skopje Calling 2025!
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16 април) со почеток во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија по следните цени и категории:
Партер – 1.000 денари
Фан пит – 1.500 денари