
„Постојат две нивоа на одговорност. . Една ќе ја наречеме вертикална одговорност директно поврзана со случајот. Околу неа се одговорни лицата кои дозволилле пиротехнички материјал да се запали во затворен простор. Тие морале да дозволат, тие го контролираат нивното користење тие можеле да го запрат концертот. Тоа е само и единствено полицијата. Нема тука економија, нема ништо. Само полицијата. Тука е кристално јасно“ вели професорот Љубомир Фрчковски во интервју за ТВ24.
Тој додава дека второто ниво на одговорност после ова е одговорност за негативни околности, кои го зголемиле ризикот за вакви несреќи.
„Тоа се давање на лиценци, проверка на лиценците, корупција ако имало. Намерно за да ја избегнат оваа вертикална одговорност фокусот на владината истрага е по оваа странична одговорност. Тоа се странични линии, хоризонатални линии. Несреќата се знае точно од шо е предизвикана и за тоа мора да има директна одговорност“ вели Фрчковски.
Тој додава дека ова е стратегија за бегство, која им дава бланш карта на владата да се развие познатата репресивна архива на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега тие како што гледате почнаа да земаат лиценци, не само да проверуваат, почнаа градежни дозволи да проверуваат, затвораат објекти, влегуваат“ вели Фрчковски.