
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – Член на Извршниот одбор
Не била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси.
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нови документи.
Скандалот со влезот на Алта банка во Македонија и бизнис шемите на ВМРО со СНС се проширува.
Во Србија истрагата за Алта банка води кон нови приведени, нови осомничени.
Освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, веќе во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп” Белград.
Се сомничи, дека заедно со Мацура извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка од околу 17 милиони евра. Според медиумите во соседна Србија околу 370 милиони евра никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно книжени.
Имињата на овие луѓе кои се веќе приведени, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија.
Еве го изводот со информации од Централниот регистар:
Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија.
Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје.
Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време.
Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија.
Јавноста веќе знае, Давор Мацура, е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола а ја кипи и ЗОИЛ Македонија за 1.7 милиони евра.
Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО.
Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски.
Прашањето е зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо?
Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност?
Затоа Христијан Мицкоски вчера побегна од одговор на прашањето од претседателот Филипче за тоа со кого го правел дилот за влезот на Алта банка.
Нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста.

