Skip to main content
Балкан

Тинејџер криел снајпер, бомби и повеќе од 100 килограми дрога, уапсен во мотел во Белград

27/11/2026  12:06

Српската полиција вчера во Белград уапси 17-годишник, откако во просториите на мотелот што тој ги користел, пронајде снајперска пушка со придушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми супстанца за која постои сомневање дека е дрога.

Малолетникот се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога, како и за незаконско производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

По апсењето, тој бил изведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Пожаревац.

Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето, ниту пак за тоа за кого била наменета дрогата.