Skip to main content
Култура

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер ќе одржи предавање на тема „Постои ли се уште нешто што е само француско?

11/04/2025  06:57

Во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Катедрата за романски јазици и книжевности, францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер денека ќе одржи предавање на тема „Постои ли се уште нешто што е само француско?“.

Предавањето ќе се одржи денеска во 11:00 часот, во Салата за седници на Филолошкиот факултет, и е дел од серијата настани „Денови на Франкофонијата” организирана од Филолошкиот факултет.