Skip to main content
Ракомет

Филип Кузмановски е петти стрелец на Светското првенство во ракомет 2025!

02/02/2025  20:36

29-то Светско првенство и официјално заврши. И на овој шампионат нема промени на врвот, Данска по четвртти пат во низа се искачи на тронот, што е пак апсолутен рекорд, во финалето ја совлада Хрватска со 26-32.

За Македонија овој Мундијал беше повеќе од успешен. Кирил Лазаров и неговите избраници завршија на 15-место, имаа блескави партии, ги делеа милиметри од пласман во 1/4 финалето. Она што е најважно е дека покажаа дека Македонија има иднина, дека новата генерација која доаѓа игра храбро и борбено.

Покрај пласманот, во вкупната статистика на постигнати голови високо котира капитенот, Филип Кузмановски, кој шампионатот го завршува како петти стрелец во светот. Кузмановски на шест меча постигна 49 гола и долго време беше на врвот.

Прв стрелец е Матијас Гидсел со 74 гола. Рекордот на најмногу постигнати голови останува во сопственост на Кирил Лазаров, кој во 2009 година стигна до бројката 92.

Извор: Спорт спорт