Skip to main content
Спорт

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија

25/06/2026  14:57

Светската автомобилистичка федерација издаде предупредување за потенцијално прегревање на возачите за време на Големата награда на Австрија, од 26 до 28 јуни.

Предупредување за прегревање се издава кога се очекува температурите да надминат 31 степен Целзиус за време на трката. Во такви случаи, минималната тежина на автомобилот се зголемува за 5 кг за да се сместат елеците за ладење. 

Возачите не се обврзани да ги користат елеците, во такви случаи, на нивните автомобили се додава баласт со иста тежина.

Ова е трет пат ФИА да издаде такво предупредување, по Гран При во Сингапур и САД минатата година.

Главната трка за Големата награда на Австрија ќе се вози в недела во Спилберг на „Ред Бул ринг“ со почеток во 15 часот.